Велат среќата ја прават мали нешта… а ние на тоа ќе додадаеме мали нешта од големи срца.
Денеска е еден од оние посебни денови во годината, во кои среќата е центар на вниманието. Но ние на тоа ќе додадеме дека посебен е секој еден човек на оваа планета земја и секој заслужува барем момент внимание.
Велат дека вакви денови се слават, а ние додаваме дека се слави животот надежта и љубовта меѓу луѓето.
Овој вторник, со сонцето меѓу облаци, насмевката меѓу усни, најдете убава мисла за секој – ОЗНАЧЕТЕ ЈА СРЕЌАТА!
Прегрнете ги своите најблиски, бакнете го вашиот најмил, штипнете ја вашата најмила, купете им сладолед на вашите најмали, јавете им се на вашите најстари – бидете среќа и поделете среќа!
Велат дека среќата е чувство и не се гледа, само ве размрдува! Но ние негираме- СРЕЌАТА СЕ ГЛЕДА, се гледа во вашите очи и во сите оние околу вас! И не само денес, така нека биде секој ден!