Категории

Дали сте таков маж? – Жените сакаат ваков партнер покрај себе

Збогум на стереотипите дека мажите се помалку мажествени доколку и помагаат на својата жена во секојдневните обврски, истражувањата го докажаа спротивното

Научниците открија дека жените ги привлекуваат мажи кои активно учествуваат во домашните работи. Сега е вистинско време да се докажете.
Спрема резултатите од анализата која ја спроведоа психолозите во универзитетот во Калифорнија, конечно можеме да објасниме зошто жените ги привлекуваат мажи кои се уредни, чистат и не оставаат валкана облека зад себе.

Паровите кои подеднакво практивкуваат домашни работи се многу позадоволни во својот брак.
Психологот Готман спроведе сопствено истражување чии резултати го поддржаа истражувањето спроведено од гореспоменатите психолози. Неговата истрага покажа дека жените го сметаат учествувањето на мажите во домашните работи како љубовен гест, што нивните партнери ги прави попривлечни во нивните очи.

Анализата покажна комплетно негирање на сфаќањата дека мажите се помалку мажествени доколку редовно ги извршуваат домашните обврски, ги чуваат децата, прават вечера или бришат прашина и чистат. Реалноста е потполно спротивна, помагањето во домот е пожелно и привлечно а може и додатно да ја зацврсти врската.

Прегледи:
474
Објавено на:
10.05.2020