Категории

Дали сте во потрага по вистинска љубов и дали ја барате на погрешно место?

Уверението дека сами не сме комплетни, совршени и дека сами не можеме да ја оствариме животната мисија е она што многумина од нас ги вознемирува.

Уверението дека сами не сме комплетни, совршени и дека сами не можеме да ја оствариме животната мисија е она што многумина од нас ги вознемирува. Дали на човек вистински му е потребна сродна душа односно „друга половина“ за да живее среќен и исполнет живот? Дали самите можеме да се бориме против олујите кои животот секогаш ни ги сервира?

Ако се пронаоѓате себеси во овој пример, бидете сигурни дека љубовта ја барате на погрешно место. Верувајте, не морате да трагате по никого за да станете комплетна личност. Потребно е само да погледнете во себе.

Немојте да се надевате дека одеднаш ќе се појави некој странец кој ќе го исполни вашиот живот со љубов, насмевки и задоволство. Ако сте осамени, не чекајте туѓите прегратки да ве спасат од чувството на самотија. Не верувајте во уверувањата дека ви е потребен некој друг за да ве направи среќни.

Вие веќе имате се што ви е потребно и тоа се наоѓа во вас самите. Се што ви е потребно е да ги срушите ѕидовите кои сте ги подигнале околу вашето срце и да се пронајдете себеси. Започнете да се сакате себеси и дозволете посакуваната љубов да ви дојде одвнатре.

Ако во животот трагате по чувството на исполнетост, тогаш сакајте се себеси во секоја секунда од својот живот. Водете грижа за вашето тело, затоа што тоа е вашиот храм. Бидете љубезни спрема себеси. Задоволувајте ги сопствените желби. Живејте до крај. Исполнете ја вашата душа со топлина.
Љубовта е веќе внатре во вас – само е потребно да ја побарате!

Прегледи:
401
Објавено на:
23.06.2020