Категории

Дали внесувате доволно течности? Знаци кои покажуваат дека сте дехидрирале

Жедта не е единствениот доказ дека не внесувате доволно вода и течности, показател е на пример и сувата кожа, доколку долготрајно не се справувате со овој проблем.

И кога мислите дека сте малку жедни треба да имате на ум дека постојат и други знаци кои можат да ве посочат кон тој факт. Важно е да преземете мерки за да не се влоши состојбата. Дехидрацијата може да биде блага, умерена или тешка. Лесната или умерената се решава лесно, со внесување на течности. Но кога дехидрацијата се занемарува и не се лекува таа може да стане сериозна и да предизвика компликации кои може да ве доведат до смрт.

Препознавањето на знаците на благата дехидрација е најдобар начин за да се спречат проблемите.

Зголемена жед 

Зголемената жед е еден од најочигледните знаци на дехидрација. Според National Academy of Sciences жените треба да пијат вода од 11 -12 чаши дневно, а мажите од 14-15.

Поретко уринирање

Просечно, личноста уринира од три до четири пати на ден. Кога сте дехидрирани ќе забележите дека урнирате значително помалку или пак воопшто не го правите тоа. Тоа е така затоа што мозокот испраќа информација до бубрезите да ги сочуваат течностите.

Темна урина

Покрај тоа што не мокрите често, можете да забележите дека и урината станува потемна. Тоа е затоа што бубрезите ја држат подолго време.

Дехидрирана кожа

Кожата ја губи еластичноста и на неа се појавуваат брчки. Тоа е така затоа што водата сочинува 64% од човечката кожа.

Сува уста 

Исто како и кај кожата, се суши и вашата уста. Причина за тоа што кога сте дехидрирани, вашето тело не може да произведе толкаво количество на плунка, кое што е вообичаено потребно за да ја одржува устата влажна.

Лош здив

Истото се случува и со лошиот здив. Намаленото количество на плунка доведува до една ваква појава, затоа што плунката ги елиминира бактериите од устата. Без неа бактериите растат непроверени предизвикувајќи лош здив.

Желба за слатки 

Секој дел од вашето тело има потреба од вода за да може да функционира правилно. При дехидрација, црниот дроб не би можел да произведе глукоза која му е потребна на организмот за да ги претвори шеќерите во енергија. Затоа се јавува желбата за нешто слатко. Ова може да предизвика проблем кај дијабетичарите.

 

Прегледи:
575
Објавено на:
01.07.2018