Категории

Дали знаете дека ананасот исто така ве јаде вам додека и вие го јадете

Сладок ананас, оваа витаминска бомба од витамин Ц, се грижи за очите, срцето и циркулаторниот систем, ја олеснува болката во зглобовите, но и ослободува од стресот, заштитува од инфекции, ги чисти артериите,и е ризница од хранливи материи и бромелаин ензим што „нe јаде“.

Да Да. Слаткиот ананас има заби и не се плаши да ги користи. Ензимот бромелаин, кој ни ги обезбедува сите наведени здравствени придобивки од конзумирање ананас, ја извршува функцијата на разградување на некои протеини, и тоа го прави – така што не треба да се грижите. Тоа е само знак дека ананасот ја работи својата работа за чистење. Овој процес започнува во моментот кога го ставате ананасот во устата.

Некои можеби чувствуваат и скокоткање во устата додека џвакаат ананас. Сега знаете: тоа чувство доаѓа од ензим кој, додека го јадете, исто така ве „јаде“. Ако го џвакате долго време, или јадете многу ананас, ќе забележите дека усната шуплина ќе ви стане чувствителна, како нешто малку да ве каса. Затоа што тоа и се случува. Не грижете се, ова чувство ќе помине по неколку часа, а можеби и само следниот ден. Ако сте чувствителни на ананас, обидете се да го комбинирате со друг протеин, како јогурт. Не звучи како среќна комбинација, но може да ве изненади.

Прегледи:
507
Објавено на:
09.09.2021