All Star Converse се веројатно едни од најпопуларните патики на сите времиња, но дали знаете за која цел првично биле направени, и како, всушност се создадени старките?
Фирмата Converse, за гумени обувки, е креирана од Маркуис Милс Конверс, во 1908 година. На почеток овие патики биле направени од платно и гумен ѓон. Првите старки имале три главни ознаки: црна ткаенина и црн гумен ѓон, како и сини и црвени линии. На логото All Star со ѕвезда е додаден префиксот Конверс. Истото остана непроменето до денес.
Шест години подоцна, Конверс му стана спонзор на американскиот кошаркар Карлс Чак Тејлор. Тој почна да ги продава старките додека одржуваше кошаркарски тренинзи во средни училишта низ Америка. На неговата иницијатива, патиките се станаа подобрени и пофлексибилни, истовремено обезбедувајќи заштита на зглобовите.
Потоа овие патики почнаа да ги носат многу кошаркари, а популарноста им се зголеми за време на Олимписките игри, кога многу спортисти излегоа на теренот во старки. Во текот на Втората светска војна, дури и американските војници ги носеле за време на тренинзите.
Како што растеше популарноста на старките, односно, почнаа да ги носат и луѓето кои не се занимавале со спорт, Converse All Star започна со поризведување на секојдневни старки. Тие станале главен симбол на многу субкултури, особено кај уметниците и музичарите.
Старките ги носеле ѕвездите како Елвис Присли, Курт Кобејн, Рамонс и Ролинг Стоунс, а истите денес не се поврзуваат само со субкултура, едноставно, сите ги носат.