Речиси секоја идна невеста покрај за раскошна венчаница сонува и за прикладен вел со кој ќе ја украси главата и ќе постигне мистериозен и романтичен изглед.
Било да станува збор за краток или долг вел, порабен или украсен со бисери или кристали, овој популарен дел од облека на секоја невеста, дава изглед на гламурозност, префинетост и изразена нежност.
Сепак, вистинската причина поради која жените почнале да го носат не е ни малку пријатен.
Велот на венчавките прв пат е забележен во стариот Рим, но не бил ниту бел, ни проѕирен, туку бил од големо црвено платно.
Што симболизирал велот на почетокот?
Тоа платно требало да ја покрие невестата од глава до петици и не за тоа невестата да биде мистериозна, за повеќе да подсетува на пламен од оган!
„Огнена невеста“ требала да ги измами и избрка лошите духови, кои би можеле да се појават на свадбата и така да го уништат бракот на младиот пар.
Низ годините, велот станувал се пократок, проѕирен и во традиционална бела боја, а и понатака ја штител ја невестата од лошите духови и добил нова задача- криење на идната сопруга од очите на младоженецот се до олтарот.
Тој адет претставува „сопственост“ на жената, која младоженецот ја добива со венчавањето.