Често кај луѓето ја забележуваме тагата. Исто, многу добро знаеме да ја препознаеме среќата. Но, дали ги знаеме сите 27 емоции?
Покрај среќата и тагата, според психолозите од Калифорнискиот Универзитет, постојат речиси 30 категории на емоции. За потребите на истражувањето, научниците на испитаниците им пуштиле преку 2 000 видеа и истражувале кои емоции ги буди кај нив секое видео. Учесниците во истражувањето морале да го оценуваат тоа што го гледале, во однос на тоа дали е позитивно, негативно и дали ги прави смирени или нервозни. Видеата во просек траеле по пет секунди и прикажувале различни ситуации, од венчавање, природни катастрофи, операции, смрт.
„Бевме изненадени колку многу емоции има кај луѓето, а досега сите емоции ги категоризиравме во 5 или 6 групи“- се наведува во студијата. На крајот, истражувањето покажало дека постојат 27 категории на емоци. Научниците се децидни дека ова откритие ќе помогне во неврологијата, но и во психологијата.