За време на годинешниов Евросонг 2017, вообичаено обложувалниците беа преплавени со облози кој ќе влезе, а кој нема во финале, која земја каков пласман ќе завземе, кој ќе победи…?
Македонија со нашата Јана Бурческа за жал, (вообичаено), не влезе во финалето, ама затоа влезе во аналите на евровизиската историја. Првата учесничка на Евросонг, која се сврши на сцената… пред камерите! Секако, откако некоја минута претходно на сите ни откри дека е во блажена состојба.
Сега сите знаат дека Јана е бремена и наскоро ќе се мажи, па ќе стане мајка. Ама има ли некој што знае што носи Јана: машко или девојче? Ќе имаат со својот иден сопруг Александар синче или ќеркичка? Или можеби обете?
Одговорот го знае, ако го знае, само таа – идната мама Јана. Затоа додека е време, македонските обложувалници можат да го стават на тикетот за облог: Што носи Јана, момче или девојче… или обете? Или некоја трета комбинација? Коефициентот за точен погодок… го оставаме на нив!
За оние кои се разбираат од медицина, поточно гинекологија, наместо билтен, за помош, еве ја фотографијата со ехото, па кој знае да гледа, нека види, дали нашата годинешна евровизиска претставничка и нејзиниот иден сопруг наскоро ќе бидат родители на синче или ќеркичка?
Како и да е, едно е сигурно: Јана, дефинитивно сама не играше на евровизиската сцена!
Извор : Вистина.мк