Денот на мајката е славење на мајчинството, а се слави на различни датуми во многу делови од светот, најчесто во март или мај (во повеќето земји на 13. мај).
Прославата на овој празник започнала во САД на почетокот на 20. век, 1908. година, кога Ана Џарвис одржала спомен за мајка си во Графтон, Западна Вирџинија.
Нејзината кампања за „Ден на мајката“ да се признае како празник во САД, започнала во 1905. година, кога нејзината сакана мајка, Ен Ривс Џарвис, умрела. Мисијата на Ана била да ја испочитува својата мајка продолжувајќи ја нејзината работа која ја започнала и да издвои еден ден во чест на мајките бидејќи верувала дека тоа се „личностите кои ќе направат за вас повеќе од било кој“.
Мајката на Ана, Ен Џарвис, била мировна активистка и згрижувала ранети војници од двете страни на Американската граѓанска војна и основала „Работен клуб на Мајчиниот ден“ кој се занимавал со прашања поврзани со јавното здравје.
Овој ден секако, треба да и го посветите на својата мајка. Точно е дека љубовта не треба да се покажува само еднаш годишно но, тука не станува збор за тоа, туку едноставно да и покажете уште на некој начин колку ви значи. Изведете ја на ручек, на прошетка, можеби и шопинг, најважно е да пронајдете начин да и измамите насмевка.