Најпознатата старлета Ким Кардашијан (37) денес е симбол за сексапил, а некогаш била симпатично девојче, на кое многумина велат, не и биле потребни естетски корекции.
Таа поделила со целиот свет фотографија од своите тинејџерски денови, кога имала само 17 години. На фотографијата од 1997 година, сопругата на Кание Вест позира со другарката Сара Ховард, а многумина забележале дека Ким ја држи за гради. Сепак, тоа што предизвикало најмногу коментари е изгледот на старлетата, па многумина ја споредиле нејзината трансформација.
„Ким изгледала многу подобро кога била сосема природна“. „Си го уништила лицето со пластични операции до таа мера што изгледаш непрепознатливо во однос на оваа фотографија“, се само некои од коментарите.