Категории

Денес го одбележуваме меѓународниот ден на лицата со попреченост: Да создадеме заедница прифатлива за сите!

Меѓународниот ден на личностите со попреченост, 3. декември се одбележува уште од 1992. година. Целта е да им се овозможи на лицата со инвалидност еднакво уживање во човековите права и рамноправно учество во управување на општеството во кое живеат.

Се одбележува секоја година со цел да се промовира полно и рамноправно учество на личностите со попреченост. Една милијарда луѓе, или 15% од светската популација има некаков облик на инвалидитет. Личностите со попреченост најчесто имаат понизок степен на образование, пониско ниво на вработеност и повисока стапка на сиромаштија.

Од една милијарда луѓе во светот кои живеат со некаков инвалидитет, се проценува дека 450 милиони живеат со ментални или невролошки болести, а две третини од оваа популација не бара стручна медицинска помош, најчесто поради стигма, дискриминација и занемарување.

Се проценува дека 69 милиони личности секоја година ширум светот претрпуваат трауматски повреди на мозкот, додека едно од 160 деца се идентификува во спектарот на аутизмот.

Ова се само некои примери помеѓу луѓето кои живеат со попреченост која не е веднаш воочлива и потсетник на важноста од отстранувањето на бариерата за сите луѓе кои живеат со инвалидитет, видлив и невидлив.

Во текот на пандемијата, изолацијата, прекинувањето на комуникацијата, пореметувањето на рутинските постапки и намалувањето на достапноста на услугите, здравствени и останати, во голема мера имаа влијание врз животот и менталната благосостојба на лицата со попречености.

Ова е ден за оптимизам – сврти се кон иднината и создавањето на свет во кој човекот не го карактеризираат неговите попречености, туку неговите способности!