Категории

Денес и утре се одржуаат 54-тите Рациновите средби во Велес

Денес и утре по 54-ти пат,  во Велес,  се одржуваат Рациновите средби.

И оваа година ИП Култура во соработка со „Рацинови средби“ ќе ги  поддржи авторите-дебитанти. Покрај поддршката за издавање на поетското дело наградено со „Антологија на болката“, ИП Култура зема учество и како член на жирито во избор на најдобрите ракописи од автори кои до сега не ги објавиле своите поетски дела.

Секој љубител на убавиот пишан збор и почитувач на делото на Рацин може да ја проследи дводневната програма на 54-тите Рацинови средби: 

09 јуни 2017

19 часот – во ликовниот салон, отоворање на изложба „Грнчарски средби Велес“
20 часот – во Спомен-костурницата, беседа за Рацин
21:30 часот – голема сала на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, свечено отворање на „Рацинови средби“.
*На свеченото отворање ќе се додели и наградата „Антологија на болката“ на годинашниот добитник Митко Апостолов за стихозбирката „Тело одречено од пливање“, која излегува во печат поддржана од ИП Култура.

10 јуни 2017

11 часот – промоција на стихозбирката наградена со „Антологија на болката“
19 часот – пред споменикот на Рацин, ќе се одржи манифестацијата „Почит кон Рацин“
20 часот – на малата сцена во „Џинот“, настап на учесниците на рецитаторскиот конкурс и доделување награди за истиот
21:30 часот – голема сцена на „Џинот“, свечено затворање со уметничкиот перформанс  „Азбучарење по Рацин“ и доделување на „Рациновото“ и „Почесно Рациново признание“.