Категории

Денеска е голем празник – еве што не треба да се прави

Денеска е Св. великомаченик Прокопиј.

Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, по еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по неговото пристигнување на Истокот беше затворен поради неговата вера во Христа. Во затворот се крсти и го доби името Прокопиј. Чесно пострада за Христа од раката на римскиот џелатво Кесарија Палестинска во 303 година.

Во поедини делови, денешниот ден посебно се празнува поради здравје на децата, додека во некои делови се забранува капење.

Прокопие го слават каменоресците и рударите како слава на своите занаети. Се избегнуваат караници и пцости.

Во некои краеви се смета дека овој ден е погоден за свадби бидејќи св. Прокопие ги благословува младите.

Овој светец се смета за заштитник на децата.

Прегледи:
435
Објавено на:
21.07.2017