Денешниот петок има многу имиња. Светол затоа што е во Светлата недела. Во некои краеви е познат како Источен, но и Блажен и Себичен.
Последните две имиња се упатени кон една посебност на овој ден- станува збор за еден од ретките петоци во годината кога не се пости.
Светлиот петок уште се вика и Извор на лекувањето, бидејќи денес верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. Обичај е за здравје и среќа да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете, да пиете вода и да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта. Овој ден е посветен на Богородица и се смета дека се случуваат чуда.
Денешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, во некои места на овој ден жените не работат потешки работи, во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден само што овојпат им се наменети на мртвите. Во некои места овој празник се прославува и како селска слава кога е обичај да се заколе јагне.
Извор : makedonijadenes.com.mk