Категории

Денс Студиото Мак од Куманово беше дел од Европско првенство во модерни и спортски танци во Москва, Русија

Денс Студио Мак од Куманово од 4-9. март беше дел од Европско првенство во модерни и спортски танци во Москва, Русија како претставник од Македонија. Првенството беше организирано од Светската артистичка танцова федерација (WADF ) и во него учествуваа 22 земји од Европа и други континенти и 104 балетски студија и повеќе од 7000 натпреварувачи. Како меѓународен судија Мерлин Стојановска беше дел од панелот судии на сите земји учеснички на овиј натпревар.

Студиото беше претставено од 32 танчери на возраст од 11-17 г во јуниориски екипи и настапија со 2 формации и 2 групи и во сите нив го освои првото место. За прв пат во досегашните наши натпреварувања на овој престижен натпревар се свиреше химната на Македонија. Многу сме задоволни и среќни зашто ова стана еден голем стимул на наредните натпревари.

Денс Студио МАК од почетокот на оваа учебна година учествуваше 5 натпревари надвор од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија и Русија на кои се закити со вкупно 14 златни пехари и 1 сребрен. Морам да признам дека оваа година на нашето студио е една од најуспешните и покрај сите пречки на кои наидуваме, здравствени, социјални, финансиски, дури понекогаш и просторни, успеавме да се избориме и да докажеме дека само сплотеност, пожртвуваност, љубов, солидарност и истрајност се тајната на нашиот успех.