Категории

Depeche Mode – International Tribute by Sneakers во Скопје

Родени во 1995 година во Италија, SNEAKERS го прераснуваат стереотипот на трибјут бенд – постанувајќи сериозна атракција на Италијанската њу вејв музичка сцена, вистински љубители на звукот на 80-тите. Бендот се фокусира на својата окупираност во чест на вероватно најрепрезантивниот бенд на целата електро поп њу вејв сцена – DEPECHE MODE.

Како перформери SNEAKERS се единствени и по своите лајв настапи кои вклучуваат видео, светлосни ефекти и оригинално лајв искуство. Препознаени и поздравени како најдобриот DEPECHE MODE трибјут бенд, SNEAKERS настапувале на стотици фестивали и во стотици клубови во Италија, Белгија, Франција, Швајцарија, Турција, Романија, Австрија, Бугарија каде што нивното DEPECHE MODE шоу како поддршка на момците од Базилдон (место кое не е поголемо од Кратово) секогаш е хит!

Низ годините SNEAKERS имаа неколку можности да ги сретнат своите идоли. Во октомври 2004 SNEAKERS конечно ги сретнаа DEPECHE MODE кои ги почестија со титулата еден од најдобрите трибјут бендови кои воопшто се видени.

SNEAKERS ќе можеме да ги видиме за прв пат во Скопје на 16 февруари во ВИП Арена (мала сала)

Влезниците за ова шоу ќе можете да ги купите во Југотон, продажната мрежа на Тикет Плус како и онлајн на ticketplus.mk и jugoton.mk по цена од 250 ден. до 04 февруари од 05 февруари цената на влезниците ќе изнесува 350 ден.

Момците од SNEAKERS порачуваат: дојдете и уживајте во тричасовно DEPECHE MODE музичко патување

Прегледи:
400
Ознаки:
· ·
Објавено на:
02.02.2018