Категории

Десерт од бело чоколадо со колачиња од бадеми

Подгответе вкусен десерт со бело чоколадо, колачиња од бадеми и портокал.

Состојки:

  • 125 гр бело чоколадо
  • 150 гр слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванила
  • 250 гр јогурт
  • 125 гр колачи од бадеми
  • 20 мл ликер од портокал
  • 1 лажица кора од портокал

 

Подготовка:

  1. Стопете го белото чоколадо на пареа. Павлаката изматете ја со трите лажици шеќер и ванилата.
  2. Измешајте ја растопената чоколада и додајте ја павлаката. Додадете го и јогуртот во смесата.
  3. Ставете ги бисквитите во чаша во која ќе го служите десертот и кремот во четири слоја. Колачињата треба да се натопат во ликер од портокал пред да се наредат.
  4. Ставете ги чашите во ладилник еден час и пред да ги сервирате посипете ги со кора од портокал.

 

Пријатно!

Прегледи:
488
Објавено на:
15.12.2019