Категории

Десет најчести причини за развод, неверството воопшто не е на листата (фото)

Статистиката во последните децении говори за сè почести разводи на светско ниво. Податоците се алармантни. Кои се причините? Доколку сметате дека сексуалното неверство е главната причина за развод, не сте во право. Тоа воопшто и не се наоѓа на листата на десетте најчести причини за развод според последните истражувања. Замислете на врвот на листата се проблемите во комуникацијата меѓу брачните партнери.

Ова се најчестите причини кои доведуваат до развод:

1. Кога брачните партнери се венчале од погрешни причини, најчесто за пари.
Многу разведени жени велат дека проблемите поради кои се развеле постоеле уште од самиот почеток но, “секој од нас очекува да живее засекогаш среќно” или “ние веќе потрошивме толку многу пари за свадба” или “само што го изградивме нашиот дом од соништата”.

2. Кога ќе го загубите вашиот личен идентитет
Однос изграден на взаемна зависност не е здрав. Доколку немате ваши сопствени интереси или не сте во можност да се изразите надвор од брачниот круг, ќе станете “глупав/а”. Доколку не се чувствувате комфорно во вршење на работите без вашиот партнер, или не се сеќавате каков вид на музика, филмови, или храна ви се допаѓале пред бракот, ќе се чувствувате како да се давите но, не знаете зошто.

3. Оптоварени сте со вашите родителски обврски
Исто како што многу брачни парови ги забораваат нивните немажени/нежените другари кога ќе стапат во брак, кога ќе дојдат и децата, повеќето родители занемаруваат или целосно забораваат дека се брачна двојка. Како што децата растат и бараат помалку внимание, многу мажи и жени сметаат дека тие се оддалечиле и не можат да се сетат зошто воопшто стапиле во брак бидејќи немаат повеќе ништо заедничко.

4. Не делите иста визија за успех
“Сè се промени кога стапивме во брак!” Тој ве излудува бидејќи вие штедите, а тој троши пари. Вашата идеја за викенд е бегство во дрвена куќарка во шума; вашиот партнер сака провод во градот и вечерни излегувања. Тој смета дека ваша работа е да готвите и чистите, но вие не се согласувате. Зошто тој не ги споменува овие работи претходно? Можеби требало да го прашате пред да стапите во брак. Шансите се дека тој не се променил, но вашите очекувања се промениле. Дали е можно да се надминат суштинските разлики во филозофијата? Тоа е можно, но многумина тоа не го прават.

5. Вашиот сексуален живот не е конзистентен
За време на бракот се случува суптилна промена во интимниот живот. Потоа, тука е идејата дека тој не е толку романтичен или таа не е сексуално привлечна. Оваа суптилна промена може да предизвика надолна спирала во интимниот живот на брачните партнери. Мажите вообичаено имаат потреба од сексуална приемчивост за да се чувствуваат романтично, а жените имаат потреба од романтика за да бидат сексуално приемчиви. Додека двете страни добиваат она што им е потребно, тие доброволно и даваат на другата страна она што таа го сака. Но, кога постои недостаток на едната од двете страни, истото предизвикува одвраќање и на другата страна што доведува до сериозно интимно отуѓување.

6. Неостварени очекувања
Некаде во генетскиот код на човекот се наоѓа очекувањето дека кога едно човек не е среќен, тој или таа треба да го принуди неговиот/нејзиниот партнер значително да се промени за да повторно го/ја направи среќен. Ова вообичаено доаѓа во форма на жалење, обвинување, критикување, заканување, обвинување и/или поткупување. Кога еден или двата брачни партнери се обидуваат да го присилат другиот да врши работи кои не ги сака за среќата на својот партнер, тоа е рецепт за катастрофа. Кога сте несреќни во врска, тоа е во ред да прашате за промената што ја сакате. Но, ако вашиот партнер не ве обврзува, тогаш ќе станете одговорен за вашата лична среќа.

7. Се справувате со финансиите на сосема различен начин
Овде не се работи за недостаток на финансиски средства кои предизвикуваат развод, туку за недостаток на компатибилност во ракувањето со финансиите. Спротивностите можат да се привлечат но, кога две лица се спротивни во финансискиот оддел, најчесто доаѓа до развод. Замислете го конфликтот кој ќе настапи доколку едниот партнер штеди, а другиот редовно троши. Едниот се фокусира на иднината, додека другиот верува во живот од денес за утре. Еден нема проблем со купувањето на кредит, додека другиот верува во штедење за да се купи она што го посакуваат. Со текот на времето, овој конфликт може да достигне ниво каде разводот е единственото логично решение.

8. Не постои физичка привлечност меѓу брачните партнери
Овде се мисли на физички контакт. Се разбира сексот има голем удел, но истиот треба да биде надополнет со бакнежи за здраво и збогум, прегратки и едноставно држење за рака. Двојките кои не можат да ја одржат интимната врска меѓу нив преку сексуални и несексуални активности се осудени да станат странци меѓу себе.

9. Се интересирате за различни работи
Имањето на заеднички интереси и нивното заедничко истражување се суштината за успешен брак. Се разбира, имањето на “свое време” е исто така важно, но ако не можете да најдете заеднички страсти и начини како да ги доживеете заедно, вие неминовно ќе се одалечувате еден од друг.

10. Не можете да ги решите проблемите без кавга
Секој пар има несогласувања. Клучот е да се развијат правила, така што секој партнер ќе чувствува почит и ќе го слуша другиот. Понекогаш е потребна трета страна во улога на “судија” да им помогне да ги дефинираат правилата и да ги научи да се движат низ зовриени емоции за да не ја задржат огорченоста.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
1099
Објавено на:
23.02.2017