Категории

Дестинации ширум светот каде што ќе ја пронајдете Пантон бојата за 2020 година

Пантон бојата за оваа година е сината, која се наоѓа во многу места низ целиот свет.

 

Според научниците, сината боја овозможува релаксација и среќа веднаш штом се најдеме во нејзина близина. Пантон сината боја може да се најде во морето, ноќното небо, па дури и на покривите на некои цркви (особено во Грција).

 

Па каде се во светот може да ја најдеме овогодинашната Пантон боја? Погледнете ја галеријата во продолжение и резервирајте ја вашата дестинација за следното патување.

 

Темносината боја се наоѓа низ целиот Санторини. Покриви, порти и синиот Егеј низ целиот остров.

Во стариот град Џодпур можеме да најдеме огромна палета на сина боја, а целиот град силно потсетува на мароканскиот Шефшаен.

Најдоброто место за гледање на Северниот сјај е Јелоунајф во Канада. Темно синтоо небо и прекрасните неонски бои, најдобро се гледаат помеѓу средината на ноември и почетокот на април.

Хавана е полна со преубави бои, а сината не е исклучок. Ретро автомобили, згради, па дури и знамињата се обоени сино.

Во Поситана и по должината на брегот на Амалфи може да се најдат огромни плажи со сино-бели чадори, кои што не можеме а да не ги забележиме.

Прегледи:
482
Објавено на:
04.02.2020