Категории

Детали од договорот за старателство на Бред Пит и Анџелина Џоли

Американски Суд го одобри договорот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли за старателство над нивните деца.

Со договорот се предвидува актерот редовно да се тестира на дрога и алкохол, а децата со него нема да ги минуваат празниците, доколку тоа не го сакаат.

Според судскиот документ, Џоли го задржува старателството над шесте деца. Во договорот е предвидено да се формира тим од петмина експерти кои ќе бидат задолжени за следење на менталното здравје на семејството.
Пит и натаму ќе има договорени посети на терапевт со децата, при што интересите на децата ќе бидат секогаш на прво место. Освен редовното тестирање на дрога и алкохол, Бред ќе треба секоја недела да посетува и индивидуална и групана терапија. Децата исто така, ќе одат на индивидуални советувања.

– Бред Пит доброволно се согласи да прави тестови на дрога и алкохол. Меѓутоа, сега кога судија ги потпиша документите тоа стана задолжително, изјави извор близок до актерот.

Истиот извор уште открива дека Бред не ги видел насамо децата уште од инцидентот во авионот, кога тој имаше жестока расправија со најстариот син.

– Анџелина не се одвојува од децата по инцидентот во авионот. Иако се уште не го заврши својот филм, беше со нив цело време за да биде сигурно дека се добро, пренесува магазинот ЕТ.

Договорот може да биде променет доколку Пит одлучи да поднесе жалба.

Прегледи:
369
Објавено на:
07.12.2016