Грег Артс е 35-годишен уметник од Белгија кој во слободно време прави скулптури од даски за скејт борди.
Пред 7 години тој развил страст за персонализирање на даски, кога сфатил колку многу можности има во ова уметничко поле. Тој и самиот возел скејт борд порано, но со тек на време му снемало време и кондиција.
За секоја даска му се потребни од 40 до 100 часа работа, во зависност од дизајнот и техниката која ја користи. Тој често користи и епоксидна смола во дизајните.
Сака високи контрасти и игри со светла и сенки. Сака да вклучува повеќе детали и материјали, и секоја даска е приказна за себе.
Секако, бидејќи отстранува голем дел од даската, тие даски повеќе не се корисни за скејтање – ова Грег го прави од чисто уметнички пориви.
Погледнете ги неговите дизајни!