https://www.youtube.com/watch?v=abOR2mRlGe0
Момчето ќе задоцнело на училиште доколку не било превезено со хеликоптерот на татко му.
Хеликоптерот од типот Робинсон R22 Бета слетал во училишниот двор во елитната населба Липки во Киев. Липки е инаку елитна населба во Киев во која се сместени најубавите хотели и повеќето владини објекти.
Момчето било син на поранешниот заменик министер за спорт на Украина Андреј Палчевски.
На социјалните мрежи се појавија многу негативни коментари поради ваквото однесување на родителот. Но има и такви кои велат дека сите што пишуваат негативни коментари се само љубоморни на момчето.