Категории

Детокс шејк од бадеми и грејпфрут за посилен имунитет

Зајакнете го вашето тело со комбинација на овошје и здрави семиња…

Состојки:

  • 50 гр. бадеми
  • 6 дл. вода
  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 1 лажица мелен сусам
  • 2-3 лажици аронија
  • 5 лажици замрзнато овошје (шумски микс)
  • 1 лажица млеко
  • сок од еденгрејпфрут
  • половина лажичка коријандер
  • 6-7 коцки мраз
  • 3-4 листови нане

 

Подготовка:

Натопете го бадемот одвечер во вода, а следниот ден ставете го во блендер, додадете 6 дл. вода, блендирајте околу една минута и процедете. Во така подготвеното млеко додајте гомелениот лен, сусамот, аронијата, замрзнатото овошје, лажица млеко, сок од грејпфрут, коријандер, лисја од нане и коцки мраз. Направете шејк, истурете во чаши и гарнирајте со овошје.

Прегледи:
440
Објавено на:
28.03.2020