Категории

Децата се воспитуваат со добрина, трпение и личен пример

Крајната родителска цел е да ги оспособиме децата да живеат без нас. Би требало да можеме да дојдеме во недела кај нив на ручек, а не секогаш тие да доаѓаат кај нас. Јас тргнувам од бракот бидејќи од таму сѐ почнува. Современиот брак е загорозен со себичност, гордост, неподготвеност да делиме. А современата цивилизација поттикнува егоизам“, вели Проф. др Влајко Пановиќ, клинички психијатар.

Крајната цел на родителот е да ги оспособиме децата да живеат без нас.

Од раѓање до четвртата година, најважна задача на родителите е да му помогнат на детето со хигиенските навики, навиките за спиење, оброците итн. Токму во овој период родителите прават многу грешки.

Храна

Детето доаѓајќи на свет има физиолошки програм за потреби во врска со храната. Тука родителите, бабите и дедовците кои мислат дека му прават добро на детето го условуваат со „ако-тогаш“. Тоа е голема грешка. На таа возраст детето брзо учи. И за седум денови добивате бумеранг “ќе го направам тоа-ако“. Ќе го изедам тоа ако ми дадеш, ќе го изедам ако ме пуштиш. И најважно, никогаш не ги прашувајте децата што ќе јадат. До полнолетството вие мора да им го обезбедите на децата она што ќе им ги развие потенцијалите.

Спонтаност, тоа е она што им недостасува на многумина. Тоа носи радост. Современиот човек не е спонтан, тој е програмиран. Ние брзаме, несигурни сме, тежнееме кон автентичност, посебно младите родители со првото дете. Кога ќе се појави првата температура, родителите тоа го доживуваат како трагедија.

Авторитет

Тој не ја гуши детската слобода. Здравиот авторитет им помага на децата да дишат. Но, авторитетот не се добива од раѓање. Само се усвојува со личен пример. Ако им понудиме на децата да бираат што да јадат, добиваме зона на конфликти од која не можеме да излеземе. Ако ги прашате децата што ќе јадат, тие најчесто ќе го побараат она што не можете да им го дадете.

Однос кон спиењето

Ние преку ден се трошиме, навечер се обновуваме, ние сме по тој ритам ускладени. Цивилизацијата сепак неметнува систем во кој луѓето остануваат будни до доцна во ноќта. А ни сами не знаеме зошто. Стануваат жртви на информациите. Така и нашите деца остануваат будни длабоко во ноќта без причина. Децата треба да легнуваат во 9. Хормоните на растот се обновуваат до 10.

Еден родител ми вели: не можам да го натерам да легне. Каков израз: натерам. Тука веќе знаеме дека родителот паднал на испитот кој се нарекува авторитет. Децата се воспитуваат со добрина, трпение и личен пример. Лицемерно е однесувањето во семејството кога таткото на синот во пубертет му вели: „немој да пробаш алкохол“ а потоа доаѓаат гости, ракија, па вино. И потоа детето гледа како таткото едно зборува, а друго прави. Нашите деца не имитираат нас, а не нашите приказни.

Треба да го вратиме достоинството во семејството, како заедница каде што улогите се правилно распределени, а не она што го имаме денес, два вида на улоги во семејството – едни се магариња, а другите паразити. Вие мора да ги оспособите децата, мора да ги научите да испржат јајца, да го наместат креветот, а не – пушти го нека поспие уште малку, кога сме се мачеле ние, не мора и тој. А потоа ќе велите, кој ќе те ожените тебе, не знаеш ни јајца да спржиш.

Ние треба да му го вратиме достоинството на семејството, токму таму треба детето да се врати по тешкиот ден и да најде свое засолниште, каде што нема да биде изиграно, отфрлено.