Категории

Детски прашања кои се вистинска комедија

Децата се навистина нешто посебно – невини душички коишто влегуваат во реалниот свет, а пред да влезат ништо не им е јасно. Нивната убавина се крие во искреноста што ја имаат во себе, си кажуваат и прашуваат сè што ќе им дојде на ум. Некои од тие нивни прашања се често необјасниви како и екстремно смешни. Прочитајте дел од најсмешните детски прашања споделени од различни луѓе и уште еднаш заљубете се во детската љубопитност. 

1. Мало момче оди во градинка и никогаш не ја видело учителката надвор од градинката. Случајно налетува на неа во маркет и  прашува: „Кој и`дозволи да излезе надвор?“

2. „Мамо, ме боли стомакот, бремена ли сум?“, прашува петгодишно девојче.

3. „Како се чувствуваше последниот ден кога беше дете?“

4. „Кога Бог беше мал, светот мал ли беше?“

5. „Кога наполнувам 4 години, што се случува со моите 3?“

6. „Што се случува ако фрлиш домат кон сонцето?“

7. „Кога тато беше мало момче, а ти беше мало девојче, кои беа моите родители?“

8. „Што би направил ако се родиш гол?“

9. „Ако сонцето е оган, зошто нема чад?“

10. Дете се вози во автомобил и погледнува низ прозорецот: „Како знаеме дека тркалата на колата се вртат? Како сме сигурни дека светот не се врти околу тркалата?“

Прегледи:
469
Категории:
Секојдневие · Хумор
Објавено на:
17.10.2022