Категории

Девет важни правила за среќни односи!

Замислете дека мажот и жената се раздвоени дваесет чекори. Што значи, потребно е да направиш десет чекори и да застанеш. Ако мажот не те дочека на тоа место, не го прави единаесеттиот чекор, бидејќи тогаш ќе мора да го направиш и дванаесеттиот – и така цел живот. Секој треба сам да ги направи своите 10 чекори.

1. Во животот привлекуваме личности кои се всушност исти како нас. Ако не сте задоволни од своето опкружување, погледнете подлабоко во својата душа.

2. Она што го даваме, тоа го добиваме. Однесувајте се кон партнерот онака како што сакате тој да се однесува кон вас.

3. На сите нас ни е потребна љубов. Љубовта означува прифаќање, искреност, нежност и грижа, таа значи подготвеност да даваме и носиме одговорност, да бидеме несебични и великодушни. Особините како што се страв, љубомора, зависност, манипулација, контрола, очекувања и обвинувања ги уништуваат односите и немаат врска со љубов.

4. Секој збор поседува моќ. Зборот може да излечи, а може и да убие. Внимавајте што говорите. Етикетите, навредите и обвинувањата создаваат рани во душата кои тешко зараснуваат.

5. Довербата е животно важен елемент без кој еден партнер станува сомничав, загрижен и исполнет со страв, а другиот се чувствува дека западнал во емотивна замка и дека не му е дозволено слободно да дише.

6. Бидете искрени. Љубовта не е статична, туку како билка расте и цвета или овенува и умира. Сѐ зависи од тоа како постапуваме кон неа.

7. Да сакаш значи да подариш дел од себе без наплата и очекувања. Ако сакате да бидете сакани, потребно е само да давате љубов. И колку повеќе ја давате, толку повеќе ќе ја добивате.

8. Допирот е еден од најсилните облици на покажување љубов, кој го зацврстува меѓусебниот однос. Да допрете некого значи да ја допрете неговата дуѓа. Можеби поради тоа, кога сме лути, велиме: „Не ме допирај!“ Потребно е што почесто да ја прегрнувате саканата личност без причина, без сексуален мотив, држете се за рака.

9. Кога сакаме некоја личност, мора да и дадеме слобода. Слобода да носи сопствени одлуки, да живее слободно како што сака, а не онака како што сакаме ние. Секому му е потребен личен простор. Во меѓусебните односи луѓето мора да бидат слободни, инаку во спротивно ќе се чувствуваат како во замка.