Категории

Девојка која страда од синдром на прекумерна влакнетост ја подигнува свеста и дава совети до сите девојки кои го имаат истиот проблем

Нели-Џин Робинсон (35) од Флорида, која страда од хирзутизам, прекумерна влакнетост, сака да им помогне на сите други девојки и жени кои страдаат од оваа состојба. Нејзините видеа станаа вирални на „ТикТок“.

Хирзутизам е прекумерна влакнетост што се јавува кај жени на места кои се повеќе типични за мажите. Често е несакан ефект на синдромот на полицистични јајници (PCOS). Нели-Џин Робинсон (35) од Флорида одлучи да го искористи својот профил на „ТикТок“ за да ги едуцира луѓето и да ја подигне свеста за оваа состојба. Нели својата приказна за оваа состојба ја сподели за прв пат во видео на ТикТок и стана вирално. За неколку дена собра над 14 милиони прегледи.

@bermybeauty85PCOS have me like 🧔🏽#hirsutism #hirsutismwax #fyp #yasclean #MakeMomEpic #pcosawareness

♬ original sound – Nellie J

На видеата таа зборува за тоа како изгледа нејзиниот живот со оваа состојба, зошто нема момче и споделува неколку практични совети. Нели сака да ги освести жените кои страдаат од иста состојба. Таа рече дека се надева дека ќе им помогне на овие жени и девојки со својата приказна.

Благодарение на неа, многу други жени, исто така, одлучија да ги споделат своите искуства со оваа состојба. Нели сака да го смени својот негативен став кон жените со влакна на лицето, но и да едуцира повеќе луѓе за хирзутизам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nellie J (@bermybeauty85)

 

View this post on Instagram