Категории

Девојката која со само 21 година успеа да го пропатува целиот свет – Лекси ги има печатите од сите земји во својот пасош

Лекси Алфорд од Северна Каролина успеа да го сруши Гинисовиот рекорд и да стане најмладата личност која ги посети сите земји во светот. Ниту епидемијата на коронавирус не ја запре: пандемија ја најде во Бразил, а неодамна се врати од Турција и Иран.

Лекси патувала уште од најраното детство, бидејќи нејзината мајка е сопственик на туристичка агенција. Уште тогаш, таа започна да патува со своето семејство. Повремено работела во агенција и на тој начин стекнувала искуство, со кое нејзината желба да патува се повеќе растела. До 18 години посетила 70 земји, а потоа решила да патува сама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless)

„Од дванаесетгодишна возраст сонував само да патувам, без работа и училиште. Собрав многу пари работејќи како дете и заминав во авантура“ – вели Лекси.
Пред да замине на патувања низ целиот свет, таа провери која е најмладата личност која ги посетила сите земји во светот. Открила дека гинисовиот рекордер го држи Џејмс Аскин, кој тоа го сторил на 24 години и решила да го победи.

„Знаев дека ќе жалам до крајот на мојот живот ако не се обидам. Не знаев дека започнувам неверојатна авантура во тоа време!„ Иако нејзините авантури на Инстаграм изгледаат гламурозно, Лекси Алфорд мораше да се соочи со низа пречки – од здравствени проблеми, како што се маларија и труење со храна, до добивање виза и недостаток на пари, до исцрпеност и желба да се врати дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless)

Сега Лекси може гордо да покаже пасош со печати на сите 196 земји во светот. Особено и се допаѓаше нуркање во Индонезија и Египет, поради добро сочуваните историски споменици. Се запознала со исклучително љубезни луѓе во Пакистан, а Венецуела ја маѓепсала поради нејзината природна убавина, како и Исланд, поради нејзината единственост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lexie Alford (@lexielimitless)

Прегледи:
650
Објавено на:
19.03.2021