Категории

Џек Ма, основач на Алибаба: Во следниот живот сакам да бидам жена

„Сакам да бидам жена во следниот живот“, изјави основачот на Алибаба, Џек Ма на Глобалната конференција за жените и претприемништвото во 2017 година.

 

Ова се пет цитати за жените кои ги презенираше Ма на конференцијата:

1. Алибаба е компанија која ја почитува жената

Цитат: „Од 18 основачи на Алибаба, 6 се жени, што значи една третина од основачите.“ Жените заземаат 35% во улогата на менаџери и 23% во извршните функции.

Во тој контекст: Алибаба ги охрабрува жените вработени во компанијата да имаат деца и за таа цел во компанијата постојат повеќе од 100 соби за доење за младите мајки и соби за одмор за бремените жени.

2. Жените купуваат за пријателите и семејството, а мажите купуваат за себе

Цитат: „Истражувањата покажаа дека жените се сконцентрирани на семејството, преку купување мебел, па се до трошење пари за одмор и детска облека. За разлика од нив, мажите сакаат да купуваат автомобили, телефони, видео игри, храна. Жените се фокусирани на другите ина семејствто, додека мажите повеќе се фокусирани на себе.

Во тој контекст: Повеќе од 50% од сопствениците на продавници на електронската комерцијална платформа се жени, и 46% од деловните трансакции се направени од страна на женски продавачки.

3. Во иднина светот нема да се прашува како да и се дадат на жената поголеми можности

Цитат: „За 30 до 50 години, нема да дискутира на темата како ѓените да добијат поголеми можности, туку како да се третираат мажите на фер начин“.

Во тој контекст: Ма вели дека во минатиот век се веруваше дека колку е поголема компанијата, толку е и подобра. Но, во овој век многу поважно е да напредувате во бизнисот. Доколку претприемачот не ги научи овие квалитети, тешко дека ќе напредува во иднина.

4. Жените ќе ги надминат машинското учење

Цитат: “Во време на АИ, вниманието на жените кон искуството и деталите може да го надмине машинското учење, додека особината карактеристична за мажите, рационално размислување ќе биде предизвикано и ставено на тест од машините”.

Во тој контекст: Во јуни, „Aliresearch“ објави заеднички извештај во партнерство со „Мулан клуб“, женскиот клуб и иновативен центар со седиште во Пекинг, кој беше основан од списанието „China Entrepreneur“. Во извештајот се опфатени луѓе од повеќе од 145 компании во Кина, кои заклучија дека повеќе од 60 проценти од женските претприемачи применуваат висока технологија, како што се „VR“, „cloud computing“ и „AI“ во нивните бизниси. Извештајот прикажа нов профил на женски претприемач кој беше наречен „Lady Data“.

5. За неговиот личен успех

Цитат: „Дури и ако е тешко една жена да донесе одлука, таа ќе се држи до неа и ќе ја поддржува до крај.“

Во тој контекстЏек Ма не само што го припишува успехот на неговата компанија на поддршката што ја има од женските купувачи, продавачи и колеги. Тој, исто така, и својот личен успех го припишува жените. Тој вели дека жени околу него, се оние кои го охрабрувале и го туркале напред.

 

Прегледи:
572
Објавено на:
09.03.2018