Категории

Џенифер Лоренс како самовила на премиерата на филмот “Mother”

Џенифер Лоренс измами безброј воздишки на премиерата на нејзиниот најнов филм “Mother” облечена во бајковита креација од модната куќа Dior.

Актерката изгледаше неодоливо во долгата креација која ја надополни со фризура и цвеќиња во косата. Добитничката на Оскар пристигна заедно со својот партнер – режисерот Дарен Арнофски со кого ја започна врската за време на снимањето на филмот.