Категории

Џиџи Хадид елегантна на лансирањето на нејзината колекција накит

Џиџи Хадид веќе одамна заплива во дизајнерските води, после претставувањето на својата трета сезонска колекција во соработка со дизајнерот Томи Хилфигер, познатиот модел се најде и како креатор на накит за брендот Messika.

Колекцијата се состои од дијамантски парчиња како обетки, огрлици и прстени изработени од бело и жолто злато. На официјалната промоција која се одржа во Париз – вчера, Џиџи заблеска во долга елегантна бела тоалета а целосниот изглед го заокружи со дијамантската огрлица од нејзината колекција.

Прегледи:
347
Објавено на:
28.09.2017