Категории

Џиџи Хадид и Зејн Малик станаа родители – споделија први слатки фотографии од ќеркичката

Манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик го дочекаа своето прво дете заедно. Зејн ги објави вестите на Твитер, заедно со слика од нивната ќеркичка.

Црно-белата фотографија ја карактеризира раката на Зејн која ја држи бебето. Тој напиша: „Нашето девојче е тука, здраво и убаво“.

„Љубовта што ја чувствувам кон ова мало човече е неопислива. Благодарен сум што ја познавам, горд што ја нарекувам моја, и благодарен за животот што ќе го имаме заедно “,  додаде тој.

 

 

 

View this post on Instagram

 

Our girl joined us earth-side this weekend and she’s already changed our world. So in love🥺💕

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

,,Нашето девојче дојде на овој свет изминатиот викенд и веќе го промени нашиот свет. Многу сме вљубени“ – напиша Џиџи.

Таа претходно се појави во домашното издание на Вечерното шоу со Џими Фалон и потврди дека навистина е бремена. Иако беше многу возбудена, Џиџи рече дека би и се допаднало подобро ако тоа го објават под свои услови. „Очигледно, знаете, посакуваме да можевме да го објавиме тоа под наши услови, но ние сме многу возбудени и среќни и благодарни за сите желби и поддршка“, рече таа додека Фалон и честиташе.

Според претходниот извештај, веста за Џиџи Хадид и момчето-музичар Зејн Малик дека очекуваат заедничко дете, првпат се појави во април. Тоа беше мајката на Џиџи која ја потврди веста во едно интервју изјавувајќи дека е изненадена што нивната тајна излегла во јавност, но таа била среќна.

Честитки до новите родители!