Категории

Џиџи Хадид избркана од Victoria’s Secret?

Најспектакуларното модно шоу во годината кое целиот свет жедно го исчекува – шоуто на Victoria’s Secret кое оваа година за прв пат ќе се одржи во Шангај, во својата постава штотуку остана без еден од своите најпопуларни модели – Џиџи Хадид.

Имено според шпекулациите многу од моделите имаат проблем со добивањето на виза а една од нив е и 22-годишната Џиџи која инаку има палестинско потекло. Таа јавно се обрати на својот твитер профил на кој напиша:

“Јас сум многу разочарана што нема да можам да учествувам на овогодинешната ревија во Кина. Многу љубов до моето Victoria’s Secret семејство, духовно ќе бидам со моите девојки. Не можам да дочекам да го гледам шоуто и со нетрпение ја чекам наредната година”.

После оваа изјава се појавија бројни гласини дека всушност Џиџи имала недоразбирање со брендот поради видеото кое неодамна се појави во кое таа ги исмева фацијалните експресии на азиската раса а тоа покрена бројни критики упатени кон неа на социјалните мрежи.

Прегледи:
347
Објавено на:
16.11.2017