Категории

Џорџ Клуни завршил во болница откако ослабе 11 килограми за улога

Клуни (59)  откри дека поради улогата како астроном кој преживеал апокалиптичен настан во The Midnight Sky  морал да ја симне тежината , а поради тоа завршил во болница. Актерот е и режисер на научно-фантастичната драма, чија премиера на Netflix е закажана за 23 декември.

Лекарите му дијагностицирале панкреатит, односно воспаление на панкреасот, што може да биде опасно по живот.

Мислам дека се трудев премногу брзо да ослабам и веројатно не се грижев доволно за себе… Ми требаа неколку недели да заздравам, а како режисер, тоа не е така лесно, затоа што ти треба енергија. Бевме и на глечер во Финска, што исто така, ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна во градењето на карактерот – раскажува Клуни

Меѓу другото, за улогата морал да пушти и долга брада, но тоа и не било на така големо задоволство на неговата сопруга Амал.

– Мојата сопруга и ќерка ми беа навистина среќни кога ја снема, бидејќи претходно не можевме да го најдеме лицето мое под целиот тој неред – додава тој.

 

Прегледи:
552
Објавено на:
10.12.2020