Категории

Диетичарка сподели клучни совети како да се спречи надуеност и да се постигне рамен стомак

Диететичарката Леан Вард од Бризбејн, Австралија се бори со надуеност од 2014 година. 31-годишната девојка тогаш сфатила дека тајната на рамен стомак не е да јаде диетална храна и зеленчук, туку да ужива во мали, чести и избалансирани оброци и да ја избере вистинската храна.

Ако сакате надуеноста да стане минато, 31-годишнишната девојка вели дека треба да пиете напитоци како чај од нане, и да конзумирате разладен компир, чиа семе и киви. Од друга страна, треба да ја ограничите храната која создава надуеност како зелка и карфиол или алкохол, како и обилни оброци и вештачки засладувачи.

„Повремена надуеност е нормална. Кога јадете обилен оброк или оброк богат со растителни влакна, повеќето луѓе малку се надувуваат“ – објави Лина на својата страница на Инстаграм. „Тоа е сосема нормално. Она што не е нормално е постојана надуеност, која е болна и е поврзана со други состојби како хронична дијареја. Ако ова ви звучи познато, треба да одите на лекар на преглед“ – советува таа.
„Имам многу едноставни совети за намалување на надуеноста. Првенствено, треба да јадете помали оброци почесто, имајќи во предвид количината на влакна што сте ги јаделе, бидејќи премалку или премногу влакна можат да предизвикаат надуеност. Исто така, важно е правилното џвакање“ – рече Лина.

Лина исто така рече дека треба да се намали конзумирањето на газирани пијалоци и засладувачи, без разлика дали се слатки или алкохолни. „Елиминирајте ги диеталните производи, храната на надувување како грав, зелка и карфиол и наместо целосно да престанете да јадете млечни производи, свртете се на производи со ниска лактоза“, рече Лин. Конечно, таа додаде дека алкохолот, преработената храна и храната богата со маснотии треба да се избегнуваат бидејќи овие видови директно влијаат на здравјето на цревата.
„Мислам дека е важно да се напомене дека повеќето жени страдаат од надуеност и други проблеми со дебелото црево пред или за време на менструацијата, што може да се должи на хормонални промени“, рече таа.
„Промените во нивото на прогестерон и естроген го поттикнуваат телото да задржува повеќе вода и сол предизвикувајќи отекување на клетките на телото, што може да предизвика надуеност“, додаде таа, објаснувајќи зошто подуеноста за време на менструацијата е нормална појава.

Што треба да додадете во менито за да се победи надуеноста?
Храна со влакна
Нане
Чај
Семе од чиа
Ладен компир
Семе од лен
Помали оброци
Киви
Вода

Што треба да отстраните од менито за да ја надминете надуеноста?
Преработена храна
Пенливи пијалоци
Зеленчук што промовира надуеност
Алкохол
Вештачки засладувачи засладувачи