Ако мислевте дека е најдобро да носите светло бели заби, се излажавте. Ексцентричниот дизајнер Марк Џејкобс има нови украси за заби, и тие имаат исклучиво естетски елемент.
Тој веднаш се пофали на социјалните мрежи дека неговата насмевка сега има посебен сјај. И не било каков, туку дијамантски.
View this post on Instagram
Жолто злато и дијаманти се новиот омилен моден детал на славниот дизајнер. Навлаките се направени по нарачка, а дизајнерот ги носи за да ја украси сопствената насмевка. Инаку, ова не е првпат дизајнер да ги украсува забите, па имал тиркизни навлаки пред дијамантите.
Марк Џејкобс е познат по ексцентричните предизвици во стилот, а ова е само уште еден од неговите модни експерименти.
View this post on Instagram