Категории

Добредојдовте во ерата на 3Д топ моделите (ФОТО+ВИДЕО)

Тие имаат изразени јаболчници и гламурозни се како ретко кој. Но, Шуда, Марго и Зи всушност, не се вистински.

Балман оствари соработка со британскиот фотограф Камерун Џејмс-Вилсон, кој воедно е и оригиналниот креатор на првиот 3Д модел Шуда. Шуда стана особено популарна од промоцијата на нејзиниот инстаграм профил за брендот на Ријана, Фенти иако воопшто не постои.

Но, што значи ова за живите модели?

„Споредувањето со буквално нереални модели е страшно!“, вели Луис Стоун. Луис е модел од Лондон и работела за модни куќи како Лореал и Адидас. Оваа дваесет и четири годишна девојка е загрижена поради новиот бран 3Д модели, кои може, на веќе конкурентната модна индустрија, дополнително да и отежнат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BALMAIN (@balmain) on


„Толку е едноставно да не заменат“, изјавила таа за Радио 1. „Да се натпреваруваш со непостоечки девојки е навистина засташувачко – може да добиете облик на телото какво што посакувате и да ги доведете до совршенство, без кастинг.“

Од друга страна, со оглед на бројот на следачи на инстаграм, 3Д моделите се сѐ попопуларни. Особено на почетокот, кога луѓето не беа сигурни дали Шуда е вистинска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BALMAIN (@balmain) on


„Интересот кој го покажа публиката беше неверојатен, така што уживав во создавањето на другите два модели. Да бидеме реални, кој друг може да каже дека неговата работа е да креира модели со помош на технологијата“, изјавил Камерун.