Категории

Добрите стари времиња: Се сеќавате ли како пиевме од иста чаша, се прегрнувавме и патувавме?

После речиси две години, колку што трае пандемијата на корона вирусот, потполно заборавивме како изгледаа нашите животи претходно. Излегувавме, се дружевме без страв од вируси, делевме храна, патувавме без оптеретување, маски носеа само медицинските работници. Поголемиот дел од нас ги промени навиките и се прилагоди на сите оние кои короната ги донесе со себе и сега, додека чекаме да ни се вратат украдените животни, живееме потполно поразлична „нормалност“.

Корисниците на „Редит“ неодамна се присетиле на некогашниот живот запрашувајќи се: „Што беше нормално пред короната, а сега е чудно?“

Веднаш можеле да се прочитаат стотици коментари кои ни се познати на сите нас.

„Шминкање. Моментално се чувствувам толку чудно кога ќе помислам дека можам да се нашминкам“, „Претходно и болни одевме на работа – бидејќи мислевме „не сум премногу болен за да не одам на работа“, „Делевме пица со другите, сега тоа ми изгледа толку чудно – дека пиев од иста чаша со некој друг“, „Дувавме свеќички на роденденските торти и потоа тие торти им ги послужувавме на другите“, „Летавме со авиони“, „Знаевме како изгледа долниот дел од нечие лице“, пишувале корисниците.

Еден од нив се присетил како беше порано нормално да се искашлаш или да кивнеш во јавност, а друг дека не ни обрнувавме внимание на тоа.

„Денес е чудно да се биде дел од некоја група на луѓе“, „Одевме каде и да сакаме без воопшто да размислуваме за тоа“, „Ми недостасува можноста некому да му се насмеам без маска на лицето“, „Работевме во канцеларии“.

Една жена искоментирала како понекогаш одела во продавница само за да разгледува и да ужива, а сега само кога мора.

„Одење во болница без маска. Тоа сега ми изгледа неверојатно“, „Ракувањето некогаш беше сосема нормално. Сега се претвори во чудна ситуација каде што мораш да прашаш дали воопшто да се ракуваш“, биле само дел од коментарите.

Прегледи:
390
Објавено на:
24.01.2022