Категории

„Добро утро креативци 3.0“ – Саем за размена на креативни искуства и размисли

Третото издание на  „Добро утро креативци 3.0“ – Саем за размена на креативни искуства и размисли ќе се случи утре со почеток 18:30  часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ во Скопје.

Настанот е во организација на „Скала Магазин“ – дигитална платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, нивно поврзување со индустријата и поддржување на културните настани и сцена.

Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, дигиталните трендови, уметноста, дизајнот, културата и образованието.

Aгендата е во три дела, а се состои од  Отворена јавна расправа, Изложба за визуелни уметности и музичка програма.

18:30 – 20:00 ★ Отворена јавна расправа
20:00 – 21:30 ★ Изложба за визуелни уметности
21:30 – 00:00 ★ Музичка програма

Панел-дискусијата ќе се одржи во 18:30 часот на тема: „Утрото по 2023та година“ – Како AI технологиите ќе влијаат на креативните индустрии“, каде што збор ќе имаат Небојша Гелевски – Бане, Владимир Јанчевски, Матеј Богдановски, Кристина Крагујевска, а ќе модерира Дејан Џолев.

По панелот, од 20 часот се отвора изложбата за визуелни уметности на која ќе има изложени преку 40 избрани дела од отворениот конкурс, кој го распиша „Скала магазин“.

За музичкиот дел по отворањето на изложбата, во 21 часот ќе настапи младата пејачка Миа Перевска, која ќе се претстави со перформанс со AI визуелизација.

Настанот е поддржан од СКАЛА Школата за дизајн и уметност.

https://djolevandthearts.edu.mk/
https://skala.mk/

Повеќе информации за овој креативен настан и проект можете да прочитате тука.

 

Прегледи:
243
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.05.2023