Категории

Додека анорексичната Анџелина се бори за живот, Бред ја понижува: Го уништи нашиот брак!

Како што пренесуваат американските таблоиди, Анџелина сметала дека Бред со тоа што ѝ го направил, ѝ забил нож во грб.

Додека американските таблоиди се преплавени со информации за можниот развод на Бред Пит и Анџелина Џоли, како бомба одекна веста дека Бред Пит ја изневерил неговата сопруга и тоа со нејзината најомразена личност – поранешната сопруга Џенифер Анистон.

Пријатели на најпознатиот холивудски пар велат дека Бред со тоа не можел повеќе да ја понижи Анџелина. А за ситуацијата да биде уште полоша за Анџелина Џоли, сето тоа се случува во моментот кога Анџелина боледува од анорексија и кога „опаднала“ на само 36 килограми.

А, најновата гласина започнува вака: Откако пред два месеци починала Ненси Анистон, мајката на Џенифер Анистон, Бред Пит после многу години ѝ се јавил на својата поранешна сопруга за да ја праша како се чувствува. Тоа јавување Анџелина го доживеала како предавство и забивање на нож во грб од страна на Бред Пит.

Меѓутоа, како што пренесуваат американските медиуми, Бред и Џенифер продолжиле да се слушаат, а подоцна започнале и да се гледаат, па сега секако, започнаа да кружат гласини дека Бред веќе ја изневерил Анџелина со Џенифер Анистон, нешто за што со години стравувала Анџелина.

angelina-dzoli-bred-pit-dzenifer-aniston-afera-tocka-2016-02

„Нивниот брак секако беше на стаклени нозе, а сега налета на нагазна мина, а Анџелина ја обвинува Џенифер Анистон. Кога сфатила дека Бред повторно е во контакт со својата поранешна сопруга, започнала да вреска дека ја предал и дека ги уништил сите нивни планови за иднината“, открил извор близок до Анџелина Џоли.

Колку има вистина во овие гласови останува да покаже времето, но факт е дека многумина посакуваат на Џоли сега да ѝ се врати тоа што ѝ го направи таа на Џенифер. Имено, Џоли и Пит имаа афера за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, додека Бред Пит се уште беше во брак со Џенифер Анистон.

Прегледи:
381
Објавено на:
05.08.2016