Категории

Доделени стипендии на завршниот настан на Едуфронт

Едуфронт додели стипендии на наградените ученици од првиот Едуфронт онлајн натпревар за програмирање во Scratch. По повод завршувањето на летниот семестар од учебната 2021/2022 година, Едуфронт организираше настан на којшто беа доделени дипломи на учениците од обуките #Digipath – Дигитални патеки за учење за деца, како и стипендии на победниците на натпреварот.

Завршниот настан се одржа на 18.06.2022 во Скопје во Среќа бар во присуство на  учениците и нивните родители. Учениците покрај дипломите си добија и мали подароци за успешно завршена обука и учебна година.

На настанот се доделија стипендии на победниците од првиот Едуфронт онлајн натпревар за програмирање во Scratch. На првонаградениот Един Ахмеди му беше врачен ваучер за целосна стипендија за упис на Digipath обука за следна учебна година. Тамара Нестороска, како второнаградена доби ваучер за полустипендија за следење на Digipath обука. Менторите на учениците добија Сертификати за менторство и Едуфронт подароци.

 

Со завршување на учебната 2021/22 година, бројката на Едуфронт ученици надмина 250 слушатели на онлајн обуките за деца. Во тек се уписи за онлајн обуките за следна учебна година, со настава од септември. Пријавата се одвива преку формата на веб страница. Во тек е ран упис со 30% попуст на цените и истиот ќе трае до 30 Јуни.

 

Едуфронт е едукативен центар за компјутерска технологија посветен на поттикнување и развивање на способностите за дигитални вештини и иновативниот дух кај децата. Идејата за неговото создавање лежи во важноста на зголемување на потребата од дигиталните вештини и усвојување на дигиталната писменост кај децата уште од рана училишна возраст.
DIGIPATH – Дигиталните патеки за учење на деца претставуваат облик на Академии за учење на дигитални вештини за деца, составени од повеќе последователни обуки кои се надоврзуваат и надополнуваат една со друга. Целта на дигиталните патеки е децата од рана училишна возраст да се стекнат со основи на компјутерско образование, да се запознаат со можностите и различните насоки во кои можат да го продолжат своето дигитално надоградување и усовршување. Овие програми се наменети за деца од 8 до 14 години. Digipath се состои од 3 различни дигитални патеки за учење: Дигитална патека за програмирање, Дигитална патека за веб дизајн и Дигитална патека за графички дизајн.

Прегледи:
454
Ознаки:
Објавено на:
24.06.2022