Категории

Долго време немаш момче? Можеби ова се причините за тоа!

Да немаш дечко и не е така лошо, но оние кои го немаат сакаат што поскоро да си најдат. Доколку подолго време сте без дечко и сакате да си најдете, тогаш почнете со анализа на самите себе.  Можеби токму една од овие причини е виновна за вашиот статус:

Премногу брзо легнувате во кревет со некој

Не велиме дека треба да чекате три или пет месеци, но некои жени не издржуваат ни три часа. Со тоа, таквата девојка остава мислење дека е девојка за еден состанок, и не остава простор да и се јават повторно.

Негативен став

Ако тргнуваш со ставот дека сите мажи се исти…( да не навредуваме) затоа што сите твои бивши биле такви, не значи дека сите мажи се исти. Таквиот став може да предизвика само да ги одбивате и оние кои го заслужуваат вашето внимание, а така  ги пропуштате шансите.

Губење време

Ако имаш договор со некој, за секс без емоции, на „врска„ без обврски, тоа може само да ти го потроши времето. Запамти, кога си со таков маж, ја пропушташ можноста да бидеш со некој кој сака врска со тебе.

Чувство на пониска вредност

Многу е лошо кога ќе го изгубиш убавото мислење за себе. Кога самиот не се цениш, тоа другите го забележуваат. А тоа им дава право и тие така да се однесуваат.

Постојано наредуваш

Мажите си имаат мајка, и тоа понекогаш им е повеќе од доволно. Тие сакаат да имаат слободен живот, без замерки зошто не ги собрал алиштата, зошто не ги собрал чиниите, зошто се задржал толку долго со другарите… Ако премногу го гушиш, ќе го изгубиш.

Прегледи:
292
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.08.2017