Категории

“ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР” ЗА ПЕТ ГОДИНИ ИЗРАДУВА 600 СЕМЕЈСТВА ШИРУМ МАКЕДОНИЈА!

Целта на оваа непрофитна и невладина организација е секое домаќинство да има потребен алат за учење, а компанијата Mozzart ја поддржа иницијативата со донација на техничка опрема.

Дигитализацијата е клучна за развој на економиите засновани на науки и нови технологии. Ова е тешко да се спроведе на дело ако младите генерации немаат потребна опрема да бидат во чекор со иновациите. Здружението “Донирај компјутер” работи токму на овие проблеми. Тие ширум Македонија подаруваат компјутери со цел секое семејство да има барем по еден компјутер и основно средство за учење. Компанијата Mozzart ја поддржа оваа иницијатива. Донираше лап топ-и и компјутери, кои ќе бидат насочени таму каде што е најпотребно.

Оваа непрофитна невладина организација за пет години на територија на Македонија обезбеди повеќе од 600 семејства со компјутери. Односно донираше повеќе од 1.200 компјутери!

На кој начин тоа го прават?

Овие вредни и способни ентузијасти собираат компјутери, ги поправаат и доведуваат во состојба повторно да се користат, а потоа ги проследуваат на стотици адреси! Привлекоа многу симпатии во претходните години, па се повеќе луѓе им се јавуваат со желба да помогнат.

“Огромна благодарност до Mozzart и нивниот тим кој ја достави нивната поддршка кон нашата иницијатива #Донирај Компјутер. Се надеваме и на понатамошна соработка со цел олеснување на образовниот процес и создавање на еднакви можности за квалитетно образование на сите дечиња од Македонија.” – нагласи претседателот на здружението “Дoнирај компјутер”, Борче Стаменов.

Компанијата Mozzart исто така веќе долги години донира техничка опрема на бројни организации и институции, затоа логичен чекор беше вклучување во оваа акција.

“Секогаш сме тука да поддржиме добри идеи и да помегнеме повеќе да се чуе за нив. Компјутерот е денес основно средство за работа, а за младите претставува можност за едукација и усовршување. Мило ни е што компјутерите кои ги дониравме ќе помогнат на семејствата ширум Македонија.” – истакна Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.

Прегледи:
541
Објавено на:
01.12.2021