Да продадете кола стара 21 година е навистина тешко, но доколку сте креативни, тоа може да биде многу полесно.
Макс Ланман, писател и директор од Лос Анџелес креираше одлична реклама за автомобилот на својата свршеница, “Honda Accord” од 1996 година. Рекламата стана вирална, а автомобилот скоро секој сакаше да го има.
Пет дена откако возилото наречено “Greenie” беше пуштено во продажба, наддавањето достигна 150 000 долари, а видеото достигна четири милиони прегледи. Но, за жал “eBay” ја затвори листата, поради “необичната понуда”.