Категории

Дознајте пред првата посета на лекар кој е полот на вашето бебе

Денес, кога технологијата толку многу напредна, лесно е да се открие полот на детето, но сепак решивме да им веруваме на мајките.

Утврдено е дека жените кои родиле машки бебиња, со просечна тежина, консумирале десет пати повеќе калории од мајките кои носат девојчиња. Но, интересното е што тие не се здебелија.

– Реална е хипотезата дека фетусот го поттикнува апетитот на мајката сразмерно на нејзините потреби за оптимален раст. Наодите од оваа студија покажуваат дека постои хемиска комуникација помеѓу мајката и фетусот, па ако момчињата растат повисоки од девојчињата и мајките, тие испраќаат сигнал дека мора да јадат повеќе за да им овозможат да растат, рече Кент Торнбург од Универзитетот за здравје во Орегон.

Во моментот на раѓање, момчињата се 100 грама потешки од девојчињата, докажале истражувањата. Анализирани се податоците за исхраната на 244 трудници пред да дојдат на рутински преглед во 27-та недела од бременоста.

Прегледи:
327
Објавено на:
22.03.2022