Категории

„Духот на розата“ е најреткиот и најскап дијамант во светот продаден за 26 милиони долари

(ВИДЕО) Исклучително реткиот розов дијамант е продаден на аукција во Швајцарија по цена од 26,6 милиони долари.

Дијамантот од 14,8 каракти наречен „Духот на розата“ е најголемиот дијамант со ваква боја. Неговата уникатност е тоа што поседува 99 проценти розова боја од сите останати дијаманти што помогна во тоа да достигне вртоглава цена на аукција во Женева.


Името на купувачот не е откриено.
Дијамантот беше ископан во рудник во сопственост на руската компанија Алроса 2017.