По големите хитови „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“, Дупер на задоволство на публиката ја објавија својата нова песна „Ние сме 2“.
Песната е комплетно авторско дело на ДУПЕР во состав (Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечоски), а се снимаше во студио „Подрумот“ кај Ангел Ќосев. Видеозаписот, пак, е во режија на Томи Акимовски.
Бендот Дупер од неодамна се најдоа на листата на ексклузивци на Авалон продукција. Новата песна слушнете ја ТУКА!