Земјотрес е почуствуван во Скопје пред само неколку минути ( 18.33) по македонско време. За 10 минути е регитрирано и второ дрмање.
На социјалните мрежи може да се видат коментари и од останатите градови низ Македонија каде биле осетени двата земјотреси.
Засега нема детали каде се наоѓа епицентарот, но тресењето беше почуствувано на двапати од граѓаните кои велат дека ова е последица на поројните дождови кои деновиве не запираат. Нема пријавено материјална штета, а се очекуваат прецизни информации од македонската опсерваторија.