Категории

„Дваесет“ – погледнете ја новата љубовна песна на Young Dadi

„Дваесет“ е насловот на новата песна на Young Dadi, која веќе е пуштена во етерот. Музиката и текстот се негови, битот е со потписот на JustRTprodcution, додека финалниот шмек, микс-мастерот го направи Лазар Цветкоски во LCV студио, каде и е снимена самата песна.

„И само брои до дваесет – посакај и тука сум за тебе“, вели Дади во текстот и признава дека би направил сѐ во име на љубовта, што навистина е реткост во ова време.

Направив нешто поразлично, песна за која инспирцијата ми беше музиката на 90-те, која инаку многу ми се допаѓа и кај мене буди некоја убава енерија, топлина. „Дваесет“ има примеси и на новата генерација и искрено верувам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Дади.

„Дваесет“ е тема која доловува една приказна за двајца лудо заљубени млади кои талкаат низ сивилото на Скопје, а тоа ќе го почувствувате и со гледање на самиот видеозапис. Во главната улога се Дади и Елена и нивната страст која ја имаат еден за друг. Дел од спотот се и скопските скејтери кои својата храброст ја прикажуваат преку изведување на кул трикови и со самото тоа додаваат одличен зачин на целиот филм. Кадрите се снимани на повеќе локации низ главниот град, како ГТЦ, стан во Градски ѕид, скејтпаркот во Карпош 3 и паркингот кај арената „Борис Трајковски”, а сите всушност се печат за нашето Скопје.

Спотот е снимен и едитиран од Давид Манев, а за сценариото и стајлингот се погрижи Александра Трпеска – Majestic. Фотографиите, пак, се создадени преку призмата на Александар Чокревски, заедно со Давид и Александра. Шминката и фризурите се дело на Бобан Тодоровски и студиото Bobcut Experience.

Песната е достапна на сите музички платформи.

Прегледи:
302
Објавено на:
30.01.2023